Дома Топ вести „Марка“ анализа: Зошто Барса не игра како што се очекува?

„Марка“ анализа: Зошто Барса не игра како што се очекува?

valverde

Марка на својот портал направи опширна анализа во која се споменуваат некои од причините поради што Барселона не е ефикасна како почетокот на сезоната, а ние ви ги издвојуваме најважните.

Јасно е дека екипата не е ефикасна пред голот на противникот како на почетокот на сезоната. Пред голот против Челзи, Лео Меси не постигна гол на претходните пет натпревари. 11 гола на осум натпревари во некоја рака и не е импресивна статистика.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Повеќето од головите на Барса се засновани на акциите на Меси или Иниеста, додека главните засилувања до сега не се покажаа во добро светло. Дембеле не постигна ниту гол, додека Кутињо само еднаш се запиша во листата на стрелците. Паулињо не е ниту блиску од својот голгетерски учинок од почетокот на сезоната.

Исто така, во текстот се наведува дека Валверде не ја користи клупата често. Денис Суарез не е во плановите на стратегот, додека Пако не добива голема минутажа. Заморот е една од главните причини за „лошата“ форма на Барселона. Имено, јануари и февруари беа особено тешки за тимот и тоа се одрази на резултатите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…