Раководството на Барселона веќе ја започна потрагата по напаѓач кој треба да биде наследник за Суарез на „Камп Ноу“, пренесуваат шпанските медуми.
Уругвајскиот напаѓач не престанува да постигнува голови од неговото доаѓање од Ливерпул, но наскоро ќе полни 32 години, па раководството следи неколку млади напаѓачи кои ќе можат да го наследат.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според каталонските медиуми Барса има список од три имиња и тоа Криштоф Пијатек од Џенова, Пепе од Лил и Лука Јовиќ од Ајнтрахт.
Првите двајца имаат по 23 години, додека Јовиќ има само 21 година и игра фантастична сезона во Бундеслигата.
Пијатек оваа сезона има 9 гола на 12 меча во Серија А, Пепе пак има 8 гола и 5 асистенции во 13 меча во Лига 1, додека Србинот има 9 гола на 9 натпревари во Бундеслигата.
Барселона ќе треба да одлучи кој од овие тројца напаѓачи ќе го донесе на „Камп Ноу“ да се развива и адаптира покрај Суарез, а потоа и да ја наследи „деветката“ од Уругваецот.
#FCB | El Barça sigue con el casting del futuro Luis Suárez https://t.co/hetGuoegoz pic.twitter.com/SfD261t3hF
— Diario SPORT (@sport) November 20, 2018