Дома Фудбал Барди: Дај Боже Милевски да остане селектор

Барди: Дај Боже Милевски да остане селектор

Капитенот на Македонија, Енис Барди кој даде гол со кој нашата репрезентација одигра 1:1 против Англија, по мечот порача дека посакува селекторот Благоја Милевски да остане на чело на националниот тим.

-Со селекторот Милевски направивме многу добри работи и во репрезентацијата до 21 година и сега во овој момент.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Мислам дека се познавме добро и дај Боже да продолжиме да соработуваме заедно. Не ги знам деталите од неговиот договор само знам дека го почитувам многу и имам голем респект за него.

Зборевме цела година како треба да се игра за репрезентација, да се излезе на терен и се остави срцето. Така беше денеска и на крај го земавме тој бод кој многу нѐ радува.

Една мала Македонија заслужено зема бод против Англија и мислам дека ова е знак за иднината. Можеме против секој да се натпреваруваме, рече Барди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона подготвува изненадување за Меси, но тој не сака да го види Лапорта

„Марка“ пишува дека Барселона планира инаугурацијата на обновениот стадион „Spotify Camp N…