Дома Видео Балотели открива: Тоти никогаш не се извини за она што се случи во финалето на Купот

Балотели открива: Тоти никогаш не се извини за она што се случи во финалето на Купот

Италијанскиот напаѓач Марио Балотели преку Инстаграм откри дека Тоти никогаш не му се извинил за она што го направи во финалето на Купот пред 10 години, но и дека немало потреба за тоа.

Во 2010. година во финалето на Купот на Олимпико се сретнаа Интер и Рома. Нероаѕурите водеа со 1:0 и пред самиот крај на натпреварот Тоти од зад грб го удри тогаш 19-годишниот Балотели кој нормало падна како покосен.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тоти доби црвен картон, а Балотели вели дека после тоа Тоти никогаш не се извинил. Сепак, додава дека за тоа немало потреба бидејќи е свесен дека тој не бил метата на Тоти во тој момент.

„Ако навистина имам нешто против него, ќе ви кажам. Во тој момент, сватив дека јас не сум проблемот. Направи тежок прекршок доби црвен картон…Што можам да му кажам? Во тој натпревар претрпе последици. Не ми се извини никогаш. Но, проблемот не беше во мене, јас не бев негова мета. Имаше други проблеми во тој натпревар. Се сеќавам дека на крајот од сезоната го прегрнав. Немаше потреба да ми се извинува во тоа време.“ – изјави Балотели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Халанд во Швајцарија може да заврши во затвор поради – 65 евра!

Eрлинг Халанд би можел следниот пат кога ќе дојде во Швајцарија да помине еден ден во затв…