Дома Фудбал Италија Балотели е спремен за вечерашниот натпревар

Балотели е спремен за вечерашниот натпревар

Осмото коло од Серија А ќе го затвори вечерашниот дуел помеѓу Бреша и Фиорентина.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Бреша во изминатите два натпревари имаше тешки противници. Но, екипата од Ломбардија не се посрамоти ниту против Јувентус ниту против Наполи, но сепак запиша два порази. Сега Бреша сака да ја прекине серијата, но повторно пред себе има тежок противник, екипата на Фиорентина, која е во серија од три врзани победи.

Добрите вести за Бреша се дека Балотели ќе биде спремен за вечерашниот натпревар. Балотели беше под знак прашаник поради проблем со коленото. Сепак, тој вчера тренираше со првиот тим на Бреша, а откако беше заклучено дека е спремен, повикан е за натпреварот против Фиорентина.

Сега останува да се види дали тренерот ќе го стави италијанскиот напаѓач од првата минута или пак ќе го започне натпреварот од клупата за резерви.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Во Мадрид никогаш нема да му го простат ова: Еве што направи Јамал за време на големата прослава на Барса

Ламине Јамал повторно успеа да предизвика врева во Шпанија, овојпат за време на големото с…