Дома Трансфер зона Баерн тргнува по најбараниот играч на пазарот

Баерн тргнува по најбараниот играч на пазарот

Баерн Минхен сериозно се вклучи во трката за потписот на ѕвездата на Салцбург, Доминик Собослај.

20-годишниот унгарски репрезентативец важи за еден од најголемите таленти во Европа и може да игра на сите позиции во средниот ред, па веќе неколку клубови ја започнаа трката за неговиот потпис.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Најсилен интерес за Собослај покажуваше Милан, но сега во траката за неговиот потпис се вклучија Арсенал, Реал Мадрид и Баерн Минхен.

Собослај има договор со Салцбург до 2025 година и откупна клаузула од 25 милиони евра, сума која нема да биде проблем за споменатите клубови.

Баерн веќе стапил во контакт со агентот на фудбалерот и сака да го донесе во Минхен во јануарскиот преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…