Дома Трансфер зона Баерн спреми 70 милиони за италијанската ѕвезда!

Баерн спреми 70 милиони за италијанската ѕвезда!

Италијанските медиуми пренесуваат дека Баерн Минхен се вклучил во трката за ѕвездата на Фиорентина, Федерико Киеза.

За 21-годишниот крилен напаѓач се „тепаат“ најголемите италијански клубови, но сега во трката за неговиот потпис се приклучи и Баерн Минхен.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Баварците спремаат реконструкција на тимот и еден од играчите кои ова лето скааат да ги донесат на „Алијанц Арена“ е токму Киеза. „Билд“ пренесува дека Баерн спремил богата понуда од 70 милиони евра и е спремен да започне преговори за Италијанецот.

Најсилен интерес за Киеза покажува италијанскиот шампион Јувентус, медиумите тврдеа дека „старата дама“ е во пол-позиција, но интересот на Баерн може да ги искомплицира работите.

Фиорентина за слободата на својата ѕвезда бара најмалку 70 милиони евра, а Баерн наводно е спремен да ја плати таа сума бидејќи во Италијанецот гледа идеална замена за Рибери.

За Киеза интерес покажувата уште Интер, Милан и Ливерпул, па сигурно ќе гледаме голема битка ова лето за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…