Германските медиуми пренесуваат дека Баерн Минхен во летниот преоден рок ќе се обиде да дојде до потписот на Серху Гираси од редовите на Штутгарт.
Во договорот на Гираси има откупна клазула во износ од 20 милиони евра и Баерн не сака тоа да го пропушти. Зад себе Гираси има одлична сезона во Штутгарт и покрај Баерн го привлече интересот на други европски гиганти.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Со оглед на тоа како игра Гираси во овој момент дефинитивно сумата од 20 милиони евра за него не е премногу.
Сепак, влијание врз одлуката на Гираси може да има и тоа што во Баерн е Хари Кејн, а тоа би значело и ограничена минутажа. Освен тоа сигурно ќе се почека да се види тренерската ситуација, бидејќи „столчето“ на Тухел сериозно се тресе.