Maнуел Ноер има договор со Баерн Минхен до крајот на оваа сезона, се најавува дека ќе потпише нов едногодишен договор, но во Баерн размислуваат и на опциите ако германскиот чувар на мрежата не ја продолжи соработката.
Бразилскиот чувар на мрежата Алисон Бекер се наведува како опција за гигантот од Минхен ако Ноер замине.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Алисон во изминатите седум години го чува голот на Ливерпул, меѓутоа „црвените веќе“ го резервираа Грузиецот Мамарадшавили за наредната сезона и тоа може да доведе до заминување на Бразилецот.
„Голманот на Ливерпул, Алисон е мета на Баерн за наредното лето“, тврди новинарот Алан Никсон.
Мамардашвили има 24 години и во овој период не сака да биде резерва, токму и затоа остана уште една година во Валенсија иако потпиша договор со Ливерпул. Во таква ситуација е очекувано клубот од „Енфилд“ да се откаже од Алисон кој има 31 година.
Според најавите Ливерпул би можел да го продаде за 28 милиони евра и тоа е сума која не би била проблем за Баерн.