Дома Трансфер зона Баерн не го сака, Мурињо го чека со раширени раце

Баерн не го сака, Мурињо го чека со раширени раце

28-годишниот австриски репрезентативец, Марсел Сабицер минатото лето пристигна како големо засилување во Баерн, но може да замине после само една година.

Сабицер беше голема желба на Јулијан Нагелсман, но не ги оправда очекувањата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Иако во Лајпциг беше еден од најдобрите играчи, сепак во Баерн разочара и воопшто не е во конкуренција за првиот тим.

„Билд“ пренесува дека Баерн е спремен да го продаде за истата сума за која го доведе, односно 15 милиони евра.

Најсилен интерес за него покажува Жозе Мурињо, кој верува дека одлично ќе се вклопи во неговиот тим.

„Специјалниот“ веќе имал разговор со Австриецот и го убедил да се пресели во Рома, каде ќе има клучна улога во тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…