Баерн Минхен е сериозно заинтересиран по голгетерот на Штутгарт, Саша Калајџиќ, пренесува „Кикер“.
Калајџиќ има 24 години, есенскиот дел сезонава го пропушти поради повреда на рамото, а во вториот дел од сезоната на 15 натпревари постигна шест гола.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Австрискиот репрезентативец го привлече вниманието на многу клубови, меѓу кои и ПСЖ, па Баерн сака да ја победи конкуренцијата.
Баварците се во потрага по нов напаѓач, бидејќи иднината на Левандовски е неизвесна, а во Калајџиќ гледаат идеален наследник на Полјакот.