Европскиот шампион Баерн Минхен е пред комплетирање на трансферот на играчот од англискиот второлигаш Родинг, Омар Ричардс.
22-годишниот лев бек на крајот на сезоната ќе биде слободен агент, па Баерн веќе има договор со неговиот агент.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
„Скај Спорт“ пренесува дека Ричардс во јануари ќе стави потпис на договорот со Баерн, а ќе ја доигра сезоната во Ридинг.
Ричардс важи за голем талент и неколку англиски клуба покажуваа интерес за него, но Баварците ја победија конкуренцијата.