Реномираниот „Скај Спорт“ пренесува по малку изненадувачка вест, наводно Баерн Минхен покажал интерес за Џед Спенс.
Според информациите, германскиот шампион испратил скаути на последните натпревари на Нотингем Форест за да го следат дефанзивецот. Спенс во редовите на англиските тим настапува како позајмен фудбалер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Покрај Баерн се потенцира дека Спенс го следат уште неколку германски клубови меѓу кои Борусија Дортмунд, Баер Леверкузен и Лајпциг, како и уште неколку англиски. Со Спенс во јануари се поврзуваа Тотенхем и Арсенал, но сепак до посериозни преговори не дојде.