Дома Трансфер зона Баерн Минхен испрати понуда до Мадрид за одличниот Шпанец

Баерн Минхен испрати понуда до Мадрид за одличниот Шпанец

Како што пренесува германскиот „Билд“, Баерн Минхен е многу заинтересиран за играчот за врска на Атлетико Мадрид, Родриго Ернандез, познат како Родри.

Шпанецот минатото лето пристигна на „Ванда Метрополитано“, одигра добра сезона во дресот на Атлетико Мадрид, па интерес за неговите услуги покажа Манчестер Сити. Имаше шпекулации дека „Граѓаните“ се подготвени да ја платат неговата откупна клаузула од 70 милиони евра, но сега Баварците се вклучија во целата приказна.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Според пишувањето на „Билд“, Баварците дури испратиле и понуда за неговите услуги, но нема информации за кој износ станува збор. Баерн неодамна соработуваше со Мадриѓаните, кога ја активираа откупната клаузула во договорот на францускиот репрезентативец, Лукас Ернандез, во износ од 80 милиони евра, па изгледа дека дефанзивецот би можел да добие добро познато друштво.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…