Дома Македонски спорт Мак фудбал Бабунски: Немам намера да ја напуштам Црвена звезда

Бабунски: Немам намера да ја напуштам Црвена звезда

Македонскиот фудбалски репрезентативец Давид Бабунски ги демантира наводите на некои македонски медиуми дека во зимскиот преоден рок ќе ја напушти екипата на Црвена звезда.

„Тоа е само обична новинарска приказна, за клик повеќе или за сензационализам. Седев дома и одеднаш ми стигнаа пораки во стилот „што е ова“, „дали е вистина“. Па не е вистина, ниту сум говорел на тема заминување, ниту имам намера да заминам. Сконцентриран сум на игрите во Црвена звезда. Доколку постојат некои понуди, за кои јас навистина не сум слушнал, тоа е работа на мојот менаџер и клубот. Јас тука се држам по страна“, изјавил Бабунски за „Вечерње новости“.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец, кој во јуни со младата селекција ќе учествува на Европското првенство во Полска, во мини интервјуто истакнал дека терените во Србија му се голем проблем.

„Многу тешко се навикнувам на терените во Србија, особено во зима. Терените се лоши, го попречуваат развојот на лигата. Тешко е да ја спуштиш топката на земја, да одиграш на прва, поради тоа некогаш играта се сведува на долги топки. Штета, без вистинско вложување во инфраструктурата, српската лига нема да може да напредува, а има многу голем потенцијал“, заклучи Бабунски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…