Газдата на Јувентус, Андреа Ањели привлече големо внимание откако на социјалните мрежи „лајкна“ идеја да не се додели титулата на Јувентус ако сезоната се прекине.
Клубовите во Серија А изгласаа продолжување на сезоната, меѓутоа властите засега не дваат зелено светло и предупредуваат дека сезоната можеби е завршена.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Франција веќе реши дека нема да има фудбал до септември, а за шампион на Лига 1 го назанчи ПСЖ кој беше лидер во моментот на прекинот. Од тој момент започна да се поставува прашањето дали Италија може да се одлучи на сличен чекор.
Ањели сега привлече внимание со „лајкнување“ на пост кој гласеше:
„Не сакаме да победиме на ваков начин. Дури и Ањели кажа дека ќе ја одбие титулата. Се надевам дека ќе остане доследен на неговиот збор. Ние не сме Интер“.
Во постот се алудира на титулата која му беше доделена на Интер по скандалот Калчополи во 2006 година кога Јувентус беше исфрлен во втора лига.