Рафаел Надал со победа против Гркот Стефано Циципас се пласираше во полуфиналето на АТП Мастерс турнирот во Лондон.
Шпанецот славеше со 2:1 во сетови (6:4, 4:6, 6:2) и така на Циципас не му дозволи да го брани трофејот освоен минатата година.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во цврст прв сет, прв на свој сервис попушти Циципас во деветтиот гем, Рафа во следниот гем ја искористи шансата и рутински го доби првиот сет. И вториот сет почна да потсетуван а првиот, но тогаш искусниот Шпанец при сервисот за останување во вториот сет направи неколку грешки и со двојна грешка му го препушти на Циципас вториот сет.
Третиот сет се отвори со три брејка, сервисот не одеше и кај двајцата, меѓуто прв се собра Надал и зачекори кон триумф во овој меч. Гемот го доби со 6:2. Надал во полуфиналето ќе игра со Медведев, а во второто полуфинале ќе игра Тим против подобриот од мечот Ѓоковиќ – Зверев.