Дома Топ вести Атлетико ја тужи Барселона за врбување на Гризман

Атлетико ја тужи Барселона за врбување на Гризман

Шпанските медиуми пренесуваат дека Атлетико Мадрид поднел тужба против Барселона до ФИФА за нелегално преговарање за трансфер со Антоан Гризман.

Атлетико смета дека Барселона спротивно на правилниците за трансфери на фудбалери, нелегално пристапила и се обидела да го врбува Гризман.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Атлетико ја тужи Барселона за контактирање со Антоан Гризман затоа што тој е под договор со нас. Ваквиот чин може директно да влијае на борбата за титулата во Ла Лига затоа што двата клуба имаат шанси за неа”, се вели во соопштението од Атлетико.

Гризман има откупна клаузула од 100 милиони евра, а директорот на Барселона, Гилерме Амор отворено призна дека има „големи шанси“ Французинот да се пресели на „Камп Ноу“.

Ова може да биде проблем за Барселона доколку ФИФА утврди дека Каталонците нелегално го контактирале играчот.

Целата ситуација внилателно ја следи Манчестер Јунајтед кој исто така силно е заинтересиран за потписот на Антоан Гризман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Навивачите на Барселона по поразот го нападнаа легендарниот играч: Испратете го во Арабија

БАРСЕЛОНА доживеа тежок пораз во 8-то коло од Ла Лига во Севиља со резултат 4:1, пропуштај…