Италијанскиот гигант Интер е спремен да слушне понуди за напаѓачот Лаутаро Мартинез, пренесува „Газета дело Спорт“.
Аргентинецот пред само неколку месеци потпиша договор до 2026 година, но „нероаѕурите“ имаат финансиски проблеми и ќе мора да продадат една од своите ѕвезди.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Бидејќи Пауло Дибала сигурно доаѓа, а Интер работи и на трансферот на Лукаку веруваат дека е идеален момент да го продадат Лаутаро Мартинез.
Најсилен интерес за Аргентинецот покажува Атлетико Мадрид, кој веќе стапил во контакт со неговиот агент.
Приоритет на Симеоне во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач и е спремен да понуди 70 милиони евра за Лаутаро.