Дома Топ вести Атлетико се жали: ВАР на „Бернабеу“ секогаш е против нас

Атлетико се жали: ВАР на „Бернабеу“ секогаш е против нас

Aтлетико Мадрид вчера беше блиску до победа во градското дерби на „Бернабеу“, но Реал со гол во финишот дојде до 1:1.

Избраниците на Диего Симеоне во последниот половина час беа со играч помалку откако Анхел Кореа заработи црвен картон. На оваа одлука по натпреварот се пожали Симеоне кој истакна дека секогаш кога играат во Мадрид, чувствува дека ВАР е против неговиот тим.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„ВАР некогаш може да биде во ваша корист, а некогаш против, но кога ние доаѓаме на „Бернабеу“ ВАР секогаш е против нас. Рудигер е висок 194 сантимтери, Кореа е многу понизок, контакт имаше, но не верувам дека беше толку брутален, Рудигер веднаш стана“, истакна Симеоне.

Атлетико на судењето се пожали и преку официјалниот Твитер профил пишувајќи „Ништо ново на „Бернабеу““,

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал Мадрид ќе го обнови договорот на Браим Дијаз

Реал Мадрид постигна договор за продолжување на договорот со офанзивниот играч за врска Бр…