Со децении навикнавме кога ќе се споменат големи суми на пари потрошени на засилувања, првата асоцијација да ни биде Реал Мадрид.
„Кралскиот“ клуб со причина доби таква репутација поради големите пари кои ги трошеше на нови ѕвезди, но во последните години тоа драстично се промени.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според податоците кои ги изнесоа медиумите во Шпанија, Реал Мадрид во последните три сезони потрошил 249 милиони евра на засилувања, но тоа е доволно само за трето место во Шпанија.
Убедливо прва е Барселона која на засилувања потрошила дури 613 милиони евра, од кои најмногу пари се потрошени на купувањето на Кутињо и Дембеле, а пред Реал е и градскиот ривал Атлетико Мадрид кој потрошил 307 милиони евра.
Се чини дека тоа може да се промени наредното лето бидејќи Реал Мадрид спрема голема реконструкција наредното лето.
It was much the same for gross transfer spend, as #Atleti €307m was only surpassed by Barcelona €613m (though only around half), but ahead of Real Madrid €249m, Sevilla €234m and Valencia €217m. pic.twitter.com/EsCIfz6NU5
— Swiss Ramble (@SwissRamble) February 13, 2019