Атлетико Мадрид се вклучи во битката за потписот на новиот италијански репрезентативец, Матео Ретеги.
23-годишниот Ретеги е дете на Бока Јуниорс, но игра на позајмица во дресот на Тигре каде блеска веќе втора сезона.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ретеги важи за најталентираниот напаѓач во Аргентина и на 46 меча за Тигре постигна 37 гола, а поради италијанските корени одлучи да игра за Италија.
Интер и Милан веќе покажуваат интерес за напаѓачот, а Атлетико Мадрид испратил скаути да го следат Ретеги на мечот со Малта.
Ретеги одигра одлично и постигна гол, а „јорганџиите“ се во потрага по рубусен напаѓач со неговите карактеристики.
Симеоне е спремен да стапи во контакт со Ретеги и да го убеди да се пресели во Атлетико Мадрид.