Дома Фудбал Англија Аспиликуета: Во Челзи живееме во голема несигурност

Аспиликуета: Во Челзи живееме во голема несигурност

Капитенот на Челзи, Цезар Аспиликуета за шпанските медиуми зборуваше за актуелната ситуација во клубот.

Аспиликуета потврди дека во клубот има голема несигурност и не знае дали ќе има публика на дуелот со Реал Мадрид во Лигата на шампиони.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Во Челзи живееме момент на несигурност. Несигурноста е голема, но ние фудбалерите треба да работиме. Влегуваме во решавачки дел од сезоната и оваа ситуација е надвор од наша контрола. Сега не е момент да зборуваме за мојата иднина“, изјави Шпанецот.

„Во ЛШ против Реал Мадрид ќе бидат многу тешки натпревари. Не знам дали ќе има публика на Стенфорд Бриџ, можно е да играме пред празни трибини. Ќе играме против еден од најсилните тимови во Европа, тоа го видовме на дуелот против ПСЖ“, заклучи Аспиликуета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Баерн го обнови интересот кон Нкунку

Баерн Минхен го обнови интересот кон Кристофер Нкунку од Челси, пренесуваат германските ме…