Дома Топ вести Артур ја налути Барса: Замина во Бразил и одбива да игра во ЛШ

Артур ја налути Барса: Замина во Бразил и одбива да игра во ЛШ

Бразилскиот играч за врска на Барселона, кој од следната сезона ќе игра за Јувентус, Артур Мело, заминал во својата татковина без дозвола на Каталонците.

„Мундо Депортиво“ пренесува дека Артур одбива да игра за Барселона во Лигата на шампиони бидејќи веќе потпиша договор со Јувентус.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Тој е решен да остане во Бразил по цена да плати и казна за одбивање на клупска наредба.

Барселона ќе го дочека Наполи на 8 август во реваншот од осминафиналето од ЛШ, првиот натпревар заврши 1:1.

Артур ќе пристигне во Јувентус по завршувањето на сезоната во ЛШ, но Бразилецот повеќе не сака да игра за клубот од „Камп Ноу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Севиља остана без тренер!

Шпанскиот фудбалски прволигаш Севиља ја прекина соработката со аргентинскиот тренер Матија…