Дома Фудбал Артур: Пике на секоја свадба е како младоженец, Меси е неверојатно интелигентен

Артур: Пике на секоја свадба е како младоженец, Меси е неверојатно интелигентен

Бразилските новинари го контактираа играчот за врска на Барселона, Артур кој им одговорил на неколку интересни прашања поврзани за фудбалерите на Барселона.

Артур е откритие на Барселона оваа сезона и прилично добро се снајде иако не е долго време во Каталонија.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во интервју за бразилскиот медиум „Але Оливеира“ тој зборуваше за своите соиграчи и посебно истакна двајца – Жерар Пике и Лионел Меси.

Бразилецот зборуваше за она во што се најдобри двајцата долгогодишни играчи на Барселона.

„Пике е многу згоден, висок е и има прекрасно лице, на секоја свадба изгледа како тој да е младоженецот. Исто така тој е добар човек и знае да се шегува, го прави тоа и на своја сметка“, гласеше описот на Артур за Пике.

Потоа тој го опиша Лионел Меси за кого кажа дека вистински лидер на Барселона, за него Аргентинецот е неверојатно интелигентен и смета дека никој друг не ја чита играта како што тоа го прави Меси.

„Меси е неверојатен, сите сте виделе што може да направи на теренот, а уште повеќе ве воодушевува ако го гледате секој ден и на тренинзите. Лео е наш лидер во соблекувалнатам тој го чита фудбалот како никој друг, премногу е интелигентен“, смета Артур.

Артур призна и дека некои работи се одвивале побрзо отколку што очекувал.

„Не очекував толку да играм. Мислев дека ќе морам да поминам еден период да се прилагодам, но соиграчите ми помогнаа побрзо да се вклопам“, заврши Бразилецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дерби на денот: Може ли Милан до пресврт во Рим!?

Денес на програмата се реванш четвртфиналните натпревари од Лига Европа, а дербито се игра…