Дома Фудбал Артур денеска се враќа во Барселона, но само поради една причина

Артур денеска се враќа во Барселона, но само поради една причина

Артур Мело одби да игра за Барселона во ЛШ иако се уште има договор со каталонскиот клуб.

Пред еден месец е потврдено дека Артур на крајот од сезоната заминува во Јунветус и тој од тогаш не игра во дресот на Барса. Веќе некое време се наоѓа во Бразил и дури одбива да се врати во Барселона и да тренира со остатокот од екипата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поради тоа од каталонскиот клуб најавија дека ќе го тужат и ќе го казнат парично поради своето однесување.

Сепак, шпанските медиуми пишуваат дека Артур денеска конечно се враќа во Барселона. Одлучил да поразговара со челниците на клубот и да се обиде да се договорат за раскинување на договорот за да може целосно да се посвети на Јувентус.

Но, она што најмногу ja мачи Барса е фактот што Миралем Пјаниќ, кој доаѓа во спротивен правец, го одигра скоро секој натпревар откако беше потврден трансферот.

Наводно, Артур е разочаран бидејќи клубот одлучил да го вклучи во трансферот и да го испрати во Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…