Дома Фудбал Италија Артуро Видал успешно опериран

Артуро Видал успешно опериран

Играчот за врска на Интер, Артуро Видал денес беше успешно опериран на левото колено поради проблеми со менискусот, соопшти неговиот клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Интер потврди дека операцијата поминала целосно успешно и сега на 33-годишниот Чилеанец му претстои период на рехабилитација.

Видал уште денес ќе ја напушти болницата, а рехабилитацијата ќе ја започне после неколку дена. Сепак, од Интер не информираат кога точно Видал ќе се врати на терените.

Оваа сезона Видал одигра 30 меча за Интер во сите натпреварувања на кои постигна 2 гола и запиша 2 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Голем трансфер во Катар, Лацио остана без капитенот

Алесио Ромањоли повеќе не е фудбалер на Лацио. Искусниот италијански стопер одлучи да го н…