Oд редовите на Арсенал се подготвени да ги сослушаат понудите за еден од најважните свои фудбалери од изминатата сезона Олександар Зинченко.
Оваа вест ја објави реномираниот „Атлетик“, кој тврди дека Арсенал ќе го продаде Украинецот во случај на вистинска понуда.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Зинченко пристигна во Арсенал летото 2022 година за 35 милиони евра, но Микел Артета го го користи и на позицијата лев бек, поради што се споменуваше и негово заминување во Манчестер Сити.
Украинецот во главно беше стандарден, меѓутоа Артета ги користеше и Томијасу и Кивиор крај левата аут линија.
Арсенал за него плати 35 милиони евра и доколку се најде клуб кој ќе ја плати истата сума тие се спремни да разговараат.
Арсенал летово цели на неколку засилувања, а прва мета е младиот стопер на Болоња, Калафиори, кого Артета можеби ќе се обиде да го игра на позицијата лев бек, бидејќи стандардните Вилијам Салиба и Габриел се во срцето на одбраната.