Дома Фудбал Артета по натпреварот: Ова е Лига на шампиони, тука се казнуваат грешките

Артета по натпреварот: Ова е Лига на шампиони, тука се казнуваат грешките

Тренерот на Арсенал, Микел Артета ги критикуваше своите фудбалери по ремито со Баерн.

„Топчиите“ синоќа во Лондон одиграа 2:2 со Баварците во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


– Почнавме добро, доминиравме и не им дозволивме на нашите противници да направат ништо. Постигнавме многу добар гол, но веднаш потоа ситуацијата се промени. Им ја препуштивме контролата над топката на противниците и тие постигнаа гол.

Атипичен беше и вториот гол. Ова обично не го дозволуваме. Ова е Лига на шампиони, тука се казнуваат грешките. Одигравме под нашите стандарди на многу начини. Тие добија премногу простор и кога Баерн тргнува во напад тие се многу опасни.

Но и при резултат 1:2 бевме прибрани, се трудевме да го најдеме нашиот ритам и не избрзувавме. Верувам дека можеме да победиме на гости и да се пласираме во следната рунда. Треба добро да се подготвиме, изјави Артета за веб-страницата на УЕФА.

Реваншот ќе се игра на 17 април, во Минхен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА се подготвува да казнува за говорење со покриена уста

Во ФИФА се разгледува можностa во иднина фудбалерите да бидат казнувани за обраќање кон пр…