Микел Артета седна на клупата на Арсенал и има за цел да изгради тим по своја мерка со кој ќе може да се бори за трофеи следната сезона.
Со оглед на слабите резултати во есенскиот дел од сезоната, јасно е дека Артета ќе сака да го засили тимот во зимскиот преоден рок, а „Мирор“ тврди дека главна трансфер цел на „топџиите“ ќе биде напаѓачот на Лион Муса Дембеле.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дембеле е централен напаѓач кој може да игра и на крилните позиции, па би требало да биде замена за Лаказет, кој е на излезна врата од тимот.
Оваа сезона Дембеле постигна 10 гола на 18 натпревари во француската Лига 1, па Лион сигурно нема лесно да се откаже од него.
Голем проблем за Артета би можела да биде и конкуренцијата, бидејќи за Дембеле силен интерес покажува и Манчестер Јунајтед, па се очекува двата гиганти да водат голема битка за неговиот потпис.