Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, изјави дека не сака односот со играчите да го гради со диктаторски пристап.




Артета го исфрли Обамејнаг од тимот и му ја зеде капитенската лента откако напаѓачот ги прекрши дисциплинските мерки, но вели дека од играчите бара само една работа.




До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
„Не градам авторитет со диктаторско однесување. Барам од нив почит и посветеност. Тоа е минимумот. Доколку не го добијам тоа, тогаш сум подготвен да си ги спакувам куферите и да си заминам“, изјави Артета.




Шпанецот бара професионален однос од своите фудбалери, а Обамејанг без дозвола заминал во Барселона за да се тетовира.