Дома Трансфер зона Арсенал ја сака новата италијанска ѕвезда

Арсенал ја сака новата италијанска ѕвезда

Англиските медиуми пренесуваат дека Арсенал веќе ја одредил првата желба за летниот трансфер период, а тоа е ѕвездата на Фиорентина, Федерико Киеза.

Киеза игра уште една фантастична сезона во Серија А и се етаблираше како еден од најголемите таленти во Европа, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За 21-годишниот крилен напаѓач се „тепаат“ најголемите италијански клубови, но сега во трката за неговиот потпис се приклучи и Арсенал.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Арсенал стапил во контакт со Фиорентина и ја презентирал првата понуда, но не е откриено за колкава сума станува збор.

Фиорентина е свесна дека ова лето Киеза ќе го напушти клубот, па преферира да го продаде надвор од Серија А.

Сепак, на Арсенал ќе му биде тешко да ја победи конкуренцијата, пред се од Јувентус и Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…