Трансфер пазарот затвори пред помалку од еден месец, но големите клубови веќе работат за зимскиот трансфер пазар.




Лидерот на Премиер лига Арсенал е заинтересиран за крилото на Ајнтрахт и дански репрезентативец, Јаспер Линдстром. Според „Билд“ англискиот клуб веќе стапил во контакт со агентот на 22-годишниот фудбалер.




Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?
Ајнтрахт го купи Линдстром минатото лето од Бронби за 7 милиони евра и првата сезона тој ја заврши со 5 гола и 4 асистенции.




Меѓутоа, покажа дека е играч со голем потензијал и Арсенал сака да го доведе во своите редови, а моменталната цена на играчот е 20 милиони евра.