Фудбалерите на Арсенал се наоѓааат во САД на припремите за новата сезона.
„Топџиите“ припремите ги започнаа пред седум дена, а вчера го одиграа првиот пријателски натпревар. Противник на тимот на Унаи Емери беше Колорадо Рапидс, тим против кој Арсенал на крајот славеше со 3:0.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Секако, Емери во овој натпревар шанса им даде сите играчи бидејќи сакаше да види на кого може сериозно да смета во продолжение од припремите. Арсенал поведе уште во 14-тата минута кога гол постигна Сака.
До втор гол англискиот клуб стигна во 29-тата минута и овој пат стрелец беше Олајнук. Конечните 3:0 ги постави Мартинели со голот во 61-та минута од натпреварот.
https://youtu.be/PsquCU-P5Qk