Дома Топ вести Арсенал прави револуција со 200 милиони фунти!

Арсенал прави револуција со 200 милиони фунти!

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер не само што ќе остане во клубот по завршувањето на сезоната, туку ќе добие огромен буџет од раководството за да ги реализира своите планови и да направи револуција на тимот.

Според „Мирор“ Венгер ќе потпише нов двегодишен договор и ќе добие буџет од 200 милиони фунти за засилување на тимот.


Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓


Готово е извесно дека Арсенал следната сезона нема да игра во Лигата на шампиони, па неколку фудбалери ќе го напуштат „Емирати“.

Месут Озил и Санчез сигурно ќе ги напуштат „топџиите“, а клубот за нив ќе инкасира сума приближна на 100 милиони евра. Притоа на излезна врата од „Емирати“ се и Оливие Жиру, Окслејд Чемберлејн, Оспина, Џек Вилшер и Лукас Перез.

Со парите кои ги има на располаѓае Венгер ќе се обиде да го донесе Алваро Мората од Реал како најголема желба за нападот, а на голманската позиција прв пик е Џордан Пикфорд од Сандерленд.

На списокот на Французинот се и двајцата фудбалери на Селтик, Киеран Тирни и Муса Дембеле како и фудбалерот на Кристал Палас, Вилфред Заха.

Тоа не е се, ќе има промена и во раководната структура на клубот каде Марк Овермарс треба да биде назначен за нов спортски директор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Кој е Александар Стефанов? Најсериозниот кандидат за наследник на Мукаетов!

Многу брзо по завршувањето на Светското ракометно првенство, фокусот на Ракометната федера…