Дома Трансфер зона Арсенал останува без одличниот играч за врска

Арсенал останува без одличниот играч за врска

Санти Казорла ќе го напушти Арсенал во летниот трансфер период.

Искусниот шпански играч за врска ќе си замине од Лондон како слободен играч, бидејќи нема да го продолжи договорот со „топчиите“, пренесуваат медиумите на Островот.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Казорла последниот натпревар за Арсенал го одигра во октомври 2016. година, а во изминатиот период мака мачеше со повредите.

Казорла во Северен Лондон пристигна во 2012. година од Малага и постигна 29 гола на 180 официјални натпревари. Во текот на кариерата играше и за Виљареал и Рекреативо Уелву. За репрезентацијата на Шпанија запиша 77 настапи со 14 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…