Дома Трансфер зона Арсенал на чекор од големо засилување

Арсенал на чекор од големо засилување

Раководството на Арсенал е во напредни преговори  за услугите на фудбалерот на Борусија Мехенгладбах, Денис Закарија.

Станува збор за 24- годишен фудбалер од средниот ред кој импресионира минатата сезона со настапите во Бундеслигата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Закарија може да игра на сите позиции во средниот ред, па токму поради тоа е голема желба на Микел Артета.

Швајцарскиот репрезентативец има договор до јуни 2022 година, па Арсенал работи на неговиот трансфер и може да го донесе во јануари за симболична сума.

За Закарија силен интерес покажува и Рома, па „топџиите“ сакаат што поскоро да постигнат договор и да ја победат конкуренцијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…