Дома Трансфер зона Арсенал најде замена за Озил – пристигнува ѕвездата на Ривер Плата

Арсенал најде замена за Озил – пристигнува ѕвездата на Ривер Плата

Германскиот фудбалер Месут Озил најверојатно ја игра последната сезона во дресот на Арсенал, па „топџиите“ веќе почнаа да му бараат замена.

Англиските медиуми пренесуваат дека прва цел на Арсенал е ѕвездата на аргентинскиот гигант Ривер Плата, Хуан Квинтеро.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Овој 26-годишен Колумбиец го привлече вниманието на клубот од „Емирати“ и веќе почнаа да работат на неговиот трансфер на лето.

Квинтеро од 1-ви јануари и официјално е во сопственост на Ривер, откако аргентинскиот клуб му плати 3 милиони евра на Порто. Колумбиецот претходно во Европа играше и во дресовите на Пескара и Рен.

Аргентинскиот гигант е спремен да го продаде Квинтеро за 22 милиони евра, а „топџиите“ наводно се спремни да ја платат таа сума, па многу е веројатно дека Колумбиецот ќе го гледаме во дресот на Арсенал од следната сезона.

На Квинтеро му се предвидуваше многу поголема кариера, но сепак не се снајде најдобро во Европа, каде пристигна како многу млад.

Сега блесна во дресот на Ривер Плата, а одигра одлично и на Светското првенство за колумбиската репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…