Taлентираниот фудбалер на Арсенал, Букајо Сака би требало наскоро да стави потпис на нов договор со Арсенал со важност до 2027 година, пренесуваат медиумите во оваа земја.
Еден од трагичарите во репрезентацијата на Англија од Европското првенство во пенал-серијата против Италија доби доверба од стручниот штаб и тренерот Артета. Клубот во него гледа играч за долги патеки.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Сака веќе е четврта сезона во Арсенал, а пред година опол потпиша долгорочен договор со лондонскиот клуб. Минатата сезона беше прогласен за играч на сезоната во Арсенал, а во изборот на лигата го понесе епитетот млад играч кој го обележи овој шампионат.