Атлетико Мадрид се вклучи во трката за плејмејкерот на Лион, Хусем Оуар, пренесуваат шпанските медуми.
22-годишниот офанзивен играч за врска одигра уште една одлична сезона и е спемен ова лето да го напушти Лион.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Оуар е поливалентен офанзивен фудбалер кој може да игра на повеќе позиции, а особено е ценет поради своите технички способности.
Арсенал минатото лето се обидуваше да го донесе Французинот на „Емирати“, но Лион не попушти и бараше 60 милиони евра за неговиот потпис.
Оуар е главна трансфер цел на Артета и ова лето, но сега „топџиите“ добија сериозна конкуренција за неговиот потпис.