Дома Топ вести Арсенал испрати понуда за Мората

Арсенал испрати понуда за Мората

Алваро Мората е најновиот напаѓач кој Арсенал ќе се обиде да го донесе до крајот на преодниот рок.

Според „Дејли Мејл“, помошникот на Артета, Мигел Молина лично му се јавил на напаѓачот на Јувентус, на кого му пропадна трансферот во Барселона.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


После доаѓањето на Влаховиќ, Јувентус е спремен да го пушти, но главниот збор ќе го има Атлетико Мадрид кој е сопственик на правата на Мората.

Арсенал сака да го донесе Мората на позајмица до крајот на сезоната со право на откуп, па се чека одговор од Атлетико, но  нема многу време до затворањето на преодниот рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…