Арсенал започнал преговори за трансфер на бисерот на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс, пренесуваат англиските медиуми.
Нико е брат на Инаки Вилијамс, важи за еден од најголемите шпански таленти во моментов и веќе има 11 настапи за шпанската репрезентација.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Тој е дете на Атлетик Билбао и неодамна го продолжи договорот со 2027 година, па на Арсенал нема да им биде лесно да го доведе.
Нико оваа сезона игра одлично, има постигнато 5 гола и 10 асистенции, па Билбао за неговата слобода ќе бара 80 милиони евра.
Коментари