Aнглиските медиуми пренесуваат дека Лука Јовиќ е голема желба на Арсенал.




На Фрнацузинот Александар Лаказет договорт му истекува наредното лето, па во клубот бараат негов наследник.




Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Јовиќ во Реал Мадрид пристигна во голем трансфер летото 2019 година, но никогаш не ги оправда очекувањата.




Србинот е во втор план кај тренерот Анчелоти и Реал сака да се ослободи од него, а Арсенал ќе ја искористи таквата позиција.




„Топџиите“ наводно веќе почнале преговори и сакаат да го донесат Јовиќ на позајмица со можност на откуп на крајот на сезоната за 25 милиони евра.