Арсенал е фаворит во битката за потписот на ѕвездата на Вест Хем, Даклан Рајс, пренесуваат медиумите на Островот.
Арсенал спремил понуда од 80 милиони фунти за доведување на Даклан Рајс со што би го победиле Челзи во трката за неговиот потпис.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Рајс важи за еден од најбараните англиски фудбалери, клубовите од Манчестер исто така покажале интерес, а тој сигурно ќе го напушти Вест Хем на лето.
24-годишниот играч за врска одби да го продолжи договорот со Вест Хем, па „чеканите“ ќе мора да го продадат на лето, а за неговата слобода бараат 100 милиони евра.