Репрезентативецот на Англија, Даклан Рајс од денес и официјално е нов фудбалер на Арсенал. Вест Хем утрово го потврди трансферот (ТУКА), а сега Рајс беше промовиран и од „топџиите“.
Во редовите на Арсенал, Рајс доаѓа за 105 милиони фунти и за пет милиони фунти го надмина рекордот на Грилиш за кого Манчестер Сити на Астон Вила плати 100 милиони фунти пред две години.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Рајс е дефанзивен фудбалер за врска и беше голема желба на Артета. Тој е трето летно засилување за Арсенал, претходно „топџиите“ платија 65 милиони фунти за Каи Хаверц и 45 милиони фунти за Јурен Тимбер од Ајакс.
Со тоа се доаѓа до потрошени 215 милиони фунти на клубот од „Емирати“ во овој преоден рок.
A new chapter begins. pic.twitter.com/ha5Btd8I2h
— Arsenal (@Arsenal) July 15, 2023