Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анечелоти зборуваше на пресконференција пред утешниот меч со Интер во Лигата на шампиони.
„Интер е тим кој се движи многу добро кога ја има топката. За нас ова е меч за престиж против голем клуб. Ќе играме за трите бода и за првото место во групата. Нашата идеја е да се подготвиме одлично за секој меч, а нашата цел е да играме во финалето од ЛШ“, изјави Анчелоти.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Кога се зборува за Реал Мадрид очекувањата се најголеми, и поради тоа сме најдобриот клуб во светот. Што се однесува до Винисиус, привилегија е што игра за нас. Разликата од минатата година е што тој може да одлучи натпревар дури и кога не игра добро“, заклучи Италијанецот.