Дома Фудбал Италија Анчелоти: Милан од 2005 година беше најдобриот тим кој го водев

Анчелоти: Милан од 2005 година беше најдобриот тим кој го водев

Искусниот италијански тренер Карло Анчелоти водеше многу силни тимови и освои многу трофеи, а сега посочи кој бил најсилниот тим кој го водел во кариерата.

Анчелоти цели осум години беше на кормилото на „росонерите“ и тврди дека Милан од 2005 година, кој загуби во финалто во ЛШ од Ливерпул, бил најсилниот тим кој го водел.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Тимот од 2007 година беше технички инфериорен во однос на оној од 2005 година, кој за мене е најдобриот тим и од сите три кои играа во финалињата од Лигата на шампиони. Тимот од 2005 година беше подобар од оној во 2003 година,додека во 2007 година, имавме неверојатна мотивација. Ние ја освоивме таа титула поради  мотивација, а не со квалитетна игра“, истакна Анчелоти.

Италијанскиот тренер истакна дека незаменлив во неговиот тим бил Џенаро Гатузо.

„Во тој тим имаше многу големи мајстори, но Гатузо беше едноставно незаменлив. Полесно ми беше да играм без Кака, Сидорф, Пирло… отколку без Гатузо. На такво високо ниво многу е важно да имате менталитет, а Рино на тој тим му даваше нешто што никој друг не можеше да го даде“, заклучи Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Оваа земја не го сака ВАР: Никогаш нема да го воведеме

Најдобрите лиги во Шведска нема да воведат систем за видео анализа (ВАР) откако фудбалскит…