Дома Фудбал Анчелоти за Азар: Ако сака да замине, нека си замине

Анчелоти за Азар: Ако сака да замине, нека си замине

Eден Азар во последните неколку недели се поврзува со заминување од Реал Мадрид.

Англиските медиуми често белгиската ѕвезда ја селат на Островот, а како потенцијални дестинации се споменуваат неговиот поранешен клуб Челзи, но и Њукасл со богатите сопственици.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


За евентуалното заминување на Азар во јануарскиот преоден рок денес на прес-конференцијата зборуваше Карло Анчелоти.

„Никогаш во тренерската кариера не сум задржал играч кој сака да си замине. Ако јас се прашувам нема никакви дилеми. Ако играчот сака да замине, нека замина. Нема што премногу да се разговара“, изјави Анчелоти.

Азар во Реал Мадрид пристигна во 2019 година за повеќе од 100 милиони евра и од него се очекуваше многу во Реал, сепак не ги исполни очекувањата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…