Дома Фудбал Останато Анчелоти до Роналдо: Со 100 килограми не можеш да играш, Роналдо: Сакаш да трчам или да давам голови?

Анчелоти до Роналдо: Со 100 килограми не можеш да играш, Роналдо: Сакаш да трчам или да давам голови?

Колумбиецот Хамес Родригез во последниот преоден рок го напушти Реал Мадрид и се пресели во Евертон каде што брзо се прилагоди и прикажува солидни настапи во дресот на „карамелите“:

Родригез зад своето име оваа сезона веќе има три гола и три асистенции со што му помогна на Евертон добро да ја отвори новата сезона.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Кога го доведовме Хамес многумина не веруваа во неговите квалитети поради неговата физичка подготвеност, сметаа дека тешко ќе се справи со интезитетот на Премиер лигата. Но, знаете ли колку спринта има напревено до сега? Седум! Има повеќе асистенции и голови од спринтови“, оваа ситуација тој ја спореди со една во која се нашол со „стариот“ Роналдо.

„Во Милан кога го купивме Роналдо тој пристигна со 100 килограми. Пред еден натпревар му кажав. Мораш да ослабнеш за да те пуштам во игра, а тој ми одговори: Што сакаш од мене? Ако сакаш да трчам оставиме на клупа, ако сакаш да дадам гол пуштиме во игра. Го пуштив во игра и даде два гола. Таква е ситуацијата и со Хамес“, изјави Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …