Поради лошите резултати и неспретните изјави, медиумите почнаа да шпекулираат дека Пеп Гвардиола нема уште долго да се задржи во Манчестер Сити.
Критичарите тврдат дека неговиот систем на игра на е добар за Премиер лигата, а некои сметаат дека неговата конечна цел е да се врати во Барселона во улога на претседател на клубот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сити моментално е четврти на тебалата во Премиер лигата, а неговиот колега Карло Анчелоти јавно му пружи поддршка на каталонскиот стратег.
„Кога во фудбалот работите одат одлилно сите ги фалат играчите, кога е лошо тогаш се обвинува тренерот. Кога еден тренер ќе стигне во нова лига му треба време за да се прилагоди. Тоа не е лесно. Сигурен сум дека Гвардиола во Сити ќе заврши одлична работа, исто како што го направи тоа овде во Баерн, но му треба време“, изјави Анчелоти.